недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

Нова ера за македонскатa железница

voz-skopje

Поврзани вести

Нова ера за македонскатa железница. Инвестицискиот циклус, вреден 600 милиони евра, комплетно го менува ликот на македонската железница.

Почнаа да пристигнуваат новите патнички возови, веќе се испорачани товарните вагони, се градат нови пруги и се рехабилитираат постојните, се санираат црните точки, интензивно се работи на реконструкција на железничките станици. Граѓаните добиваат услуга по високи стандарди, компаниите извознички нови можности за развој на бизнисот, железничкиот сообраќај постепено се враќа на голема врата и станува препознатлив од корисниците, пишува Лидер.

voz-nov-gr-1

Тековните проекти за купување нови возови и вагони, за реновирање на железничките станици, на халите за одржување, како и за обнова и изградба на нови железнички пруги, претставуваат инвестиција вредна 600 милиони евра. Вакви капитални инвестиции  во железницата не се направени повеќе од 30 години, вели премиерот Груевски.

Новиот воз тргна по македонските пруги

Новиот воз викендов го имаше своето промотивно возење на релација Скопје – Велес. Има капацитет за превоз на 200 патници, изработен во Кина по највисоки европски стандарди, со климатизација, екрани, музика, интернет, камери за безбедност на патниците.

Оваа инвестиција….

Најчитани вести