Нова ера за македонскатa железница

Оваа инвестиција е за граѓаните кои ја користат железницата, особено за младите кои можат бесплатно да се возат. Треба да си ги чуваме.

Мислам дека со ова ќе се врати интересот за патување со воз – велат работници на МЖ-Транспорт, кои беа меѓу првите кои се качија на новиот воз.

Ова е првиот од вкупно шесте патнички возови кои се набавени од кинеската компанија ЦСР, а во редовен сообраќај ќе биде пуштен од јануари. Инвестицијата е вредна 25 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

voz-nov-gr-5

Два воза се електромоторни, четири на дизел – погон. Ова значи дека електромоторните ќе се пуштаат долж Коридорот 10, бидејќи пругата на овој потег е електрифицирана. Дизелот ќе можат да возат на сите релации.

„Делче од мозаикот за модерна Македонија“

Испораката на шесте нови возови треба да биде комплетирана до април, со што ќе се опфатат 60% од линиите во Македонија. Владата веќе крои план како целосно да го покрие возниот парк. Со помош на ЕБОР ќе се направат напори да се склучи договор и во 2017-та, за две години, да пристигнат и нови возови.

Целта е македонската железница да го добие ликот кој треба да го има, односно да биде модерна и функционална, нешто што требало да се случи уште пред многу години, но се случува сега и не смее да се одложува понатаму. Резултатите се веќе видливи, сведоци сме денеска на една слика каква треба да биде македонската железница. Овој воз  е само дел од мозаикот на кој работиме за модерна Македонија – вели вицепремиерот Ставрески.

Цената на билетот останува иста!

Во Македонија…