Нова ера за македонскатa железница

Во Македонија ќе има нови возови, но не и нови повисоки цени за патување. Надлежните ветуваат дека користењето на железницата нема да поскапи, напротив, очекуваат со ова да се мотиривираат граѓаните да патуваат со воз, што би значело и повисоки приходи за МЖ-Транспорт.

Ова ќе донесе и поквалитетен и поудобен превоз за граѓаните – вели директорот Никола Костов.

Вториот електромоторен воз ќе се испорача до крајот на годинава, другите четири на дизел – погон во првиот квартал на 2016-та – објаснува министерот за транспорт, Владо Мисајловски.

Македонските пруги се безбедни

Македонските пруги се безбедни. Се градат нови, се рехабилитираат постојните. Новите возови по Коридорот 10 ќе возат со 120 километри на час.

За четири години се рехабилитирани 55 километри пруга на Коридорот 10, на која не се вложуваше повеќе децении. Реконструирани се 30 црни точки на двата коридора, со што е максимално зголемена сигурноста при патување со воз – вели директорот на МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани.

voz-nov-gr-2

Паралелно, веќе се гради првата делница кон Бугарија, од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар, инвестиција вредна 39 милиони евра. Наскоро почнува изградбата и до Крива Паланка во должина од 34 километри, за што ЕБОР ни одобри заем од 145 милиони евра, а потоа следува и финалната фаза до бугарската граница.

Веќе се работи на документацијата за делницата од Кичево до границата со Албанија, на потегот Ногаевци – Градско – Неготино се прави ремонт, нова делница ќе има од Битола до Кременица и крак кон зоната Жабени, што дополнително треба да го зголеми интересот за инвестирање.

Целиот текст прочитајте го на ЛИДЕР