Од Нова Година нови цени во јавниот градски превоз

Од први јануари следната година нови цени во јавниот градски превоз. Новите цени ќе бидат универзални и за државните и за приватните автобуси.

Град Скопје и јавното сообраќајно претпријатие ги изготвија новите цени за електронскиот систем за наплата. Според договореното, цената на еден билет ќе чини 35 денари, како досега, но доколку е купен кај возачот ќе изнесува 60 денари. Овие цени ќе бидат универзални, за државните и приватните автобуси.

Од Нова Година нови цени во јавниот градски превоз
Од Нова Година нови цени во јавниот градски превоз

Новитет е и што се воведуваат временски билети – за 90 минути, за еден ден, за седум дена, а поевтинуваат месечните билети за сума од меѓу 40 до 80 денари.

Патниците ќе може да ги купуваат билетите и со мобилен телефон. Билетот за едно возење платен со телефон ќе чини 40 денари, а патникот мора да изврши валидација со електронската картичка.