Нова година на виенските трговци им носи 60 милиони евра заработувачка

Претпразничниот шопинг и дочекот на Нова година на виенските трговци ќе им донесе значајна заработувачка, која според Стопанската комора се проценува на околу 60 милиони евра.

Новогодишниот дочек на виенските трговци им најавува вистински турбо промет на крајот на годината. Благодарејќи на новогодишниот дочек, трговците во малопродажба може да сметаат на дополнителни 60 милиони евра.Според актуелната анкета спроведена од комората, 85 отсто од виенчани ќе го слават дочекот на Нова година.

Најголемиот дочек на Нова година се планира во центарот на Виена. На 13 сцени ќе се менуваат оркестри со различни музички жанрови.

Она што е задолжително меѓу виенчани е познатиот „Појадок против мамурлук“ на 1 јануари на платото каде во 11 часот на големо платно се пренесува Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија.