Нова градска болница на местото на Мајчин дом

Нова градска болница ќе никне на местото на Мајчин дом во скопската населба Аеродром, дознава „Фокус“ од извори во министерството за здравство.

Таму ќе биде преселена Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која е лоцирана во центарот на градот. Причината за ваквата одлука е да има две градски болници, со цел да се растерети гужвата во старата воена болница.

Според изворите на „Фокус“, во моментот се обезбедува маркица за градба и техничка документација со цел побрзо да почне постапката, а целата процедура оди преку министерството за здравство кои веќе ги потврдија информациите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.