АНАЛИЗА: Во исчекување на нова грчка криза

Не се залажувајте.

Ако ситуацијата во Грција се нормализира, за што говорат многу нешта по спогодбата со кредиторите, тоа всушност можно е да не е она за кое многумина од нас и поголемиот дел од финансиските пазари всушност се надевале.

Откако по грчката криза банките ги отворија вратите, а Германија вети отпишување на долгот, светските пазари здивнаа и почнаа да работат во режим „избегната криза“.

Цените на златото и на нафтата паѓаат, а еврото, акциите и обврзниците се стабилизираат, анализира „ЦБЦ Њус“, пренесува Нетпрес.

– Влегуваме во една нова етапа, во која се надеваме дека се’ ќе биде нормално, изјавил Лука Кацели, директор на грчката банкарска асоцијација.

Новото нормално

Ако тоа е нормално, тогаш можеби тоа е некаков специјален грчки вид, кој вклучува серија кризни напади. Иако моментната ситуација може да ја смири состојбата за извесно време, европската криза, чиј оддек е најсилен во Грција, не е целосно завршена. Јасно е дека премиерот социјалист, Алексис Ципрас, кој е толку многу обвинуван дека избрзал во последната битка за грчката економја, се согласи на сите барања на Европа.

Грчката криза ја загрозува и демократијата
Грчката криза ја загрозува и демократијата

Тоа се случи зошто избирањето на Ципрас не е причина за последните спорови, туку симптом.

Вистинската причина е судирот меѓу две моќни институции, кои во принцип ја прават Европа посилна – финансиите и демократијата.

Финансиите зависат од луѓето, кои ги креираат спогодбите за пари и кои во повеќето случаи ги запазуваат. Демократијата претставува воља на народот. Кога се’ оди добро, овие две инситутции може да работат во хармонија.

Мудриот електорат гласа за претпазлива власт. Властите внимателно ги распоредуваат богатствата, за да ги спречат кризите. Како што видовме во јануари, годинава, демократијата не оди рака под рака со општата социјална болка.

Се помали надежи

Има една теорија, според која, револуциите настануваат не од немилосрдното угнетување и од сиромаштијата, туку од нереализираните очекувања. А, во најдобар случај изборите се процес на поетапна револуција. Со сигурност очекувањата на повеќето Грци се дека нештата ќе се влошат значително. Стоките за домаќинствата – од храна до кондоми – ќе поскапат за околу 10 отсто, откако ДДВ-то беше зголемено од 13 на 23 отсто.

Грчката криза најмногу ги погоди пензионерите
Грчката криза најмногу ги погоди пензионерите

За богатите луѓе тоа значи поскапувања. За сиромашните, пак, тоа значи дека ќе се купуваат за 10 отсто помалку стоки.

Во меѓувреме, и пензиите ќе бидат намалени.

Сите тие дополнителни расходи нема да ја направат економијата посилна.

Повеќето од парите ќе заминат надвор од Грција, зошто наместо простување на долгот, „отпишувањето на долгот“ кое го предложија богатите земји, едноставно ќе ги пролонгира заемите и трошоците за каматите.

За рестриктивна политика е нормално ситуацијата прво да се влоши и дури потоа да се подобри. Но, за разлика од други земји, како Ирска и Португалија, кои ја применија политика на штедење, за Грците светлината на крајот од тунелот е многу бледа.

Бескрајно штедење?

Невработеноста во Грција веќе е 25 отсто и може да се зголеми. Вредноста на недвижнините паѓа, а платите не се зголемуваат паралелно со зголемувањето на цените, што ќе доведе до ново големо незадоволство. Парите и луѓето, кои ја напуштија земјата за време на кризата, тешко дека ќе се вратат. Грција, која е позната како мајка на демократијата, денес има многу нестабилна историја.

Левите влади се редеа со десните. Демократијата беше заменувана со воени хунти. И сега кога Грција е дел од Европската унија, демократијата има опасност повторно да биде урната. Многу веројатно е таа демократија повторно да се разгневи од ситуацијата, која веќе изгледа како постојано продолжување на политката на штедење. Тоа значи дека сите спогодби досега се времено склопени и не се воопшто вистинско решение.

Затоа треба да се подготвиме за следното дејствие.