Македонија

Нова индустриска зона во Бутел

Нова индустриска зона во Бутел

Нова индустриска зона близу обиколницата ќе се гради во општина Бутел, најави градоначалникот на Општината Петре Латиновски.

Одлуката, како што соопшти, ќе биде донесена утре. Градоначалникот Латиновски се надева дека многу брзо ќе бидат објавени и првите конкурси за инвеститорите за индустриската зона „Расадник“ за што, како што вели, уште сега има голем интерес.