Нова индустриска зона во Дојран

Во тек е изработката на проектот за новата зона лоцирана на влезот во Нов Дојран, кај селото Црничани, објави Канал 5.

На површина од 20 хектари се обележани 53 парцели кои треба да донесат ивестиции во Дојран. Според градоначалникот Стамов, продажбата на парцелите ќе започне за помалку од еден месец, а напоредно ќе се уредува и инфраструктурата.

Покрај новиот хотелски комплекс кој неодамна го најави локалната самоупрва, Дојран се надева и на изградба на повеќе индустриски капацитети кои работно ќе го ангажираат населението во текот на целата година, а не само за време на туристичката сезона.

Општина Дојран за годинава предвидува дека ќе има повеќе инфраструктурни проекти за чија реализација обезбедила околу 93 милиони денари надвор од основниот буџет.