Нова инвестиција: Американска компанија ќе вработи до 2.500 луѓе

Американска компанија од областа на автомобилската индустрија донела одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во голем град во северо-западна Македонија.

Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски, при пуштањето на новата спортска сала во село Љубанци.

Тој истакна дека новата фабрика во северо-западна Македонија ќе вработи од 2.000 до 2.500 луѓе. Во наредниот месец до два ќе биде објавено која е фабриката.

– Ова ме радува затоа што во тој дел има потреба од вработувања. Многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа и ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика, рече Груевски.