Нова инвестиција: Една од најголемите светски компании ќе гради фабрика во Македонија

Нова инвестиција која треба да го заживее југот на земјава. Австралиска компанија планира да отвори фабрика во битолско. Претставник на фирмата, во ексклузивен разговор за МТВ, открива дека за добрата бизнис – клима слушнале од економските промотори.

Една од најголемите компании во светот за изградба на патишта планира да отвори фабрика во Mакедонија. Mенаџерите на австралиската „Глобал Роуд Тохнолоџи“ одлуката да инвестираат во земјава им ја соопштила и на владините министри. За МРТ екслузивно ги потврдија плановите – централното седиште ќе го отвораат во земјава и на тој начин да влезат на европскиот пазар.

„Се сложивме да се вратиме за еден месец, да одредиме локација, да потпишеме меморандум за соработка и се надевам дека ќе биде во јужниот дел во Битола, што е близу до Солун“, вели Петар Ристевски.

Според Ристевски оваа инвестиција треба да го заживее јужниот дел на земјава. Плановите се првично да се вработат околу  50 работници, а инвестицијата да чини околу милион евра. За добрата бизнис клима во Македонија слушнале од економските промотори.

„Климата во Македонија е одлична, инфлацијата не е многу голема, услугите се најдобри во светот да бидеме искрени, Владата е транспарентна, ќе ги донесеме сите овие странски инвеститори со таквите услуги што ги имате во слободните економски зони“, додава Ристевски.

Индија, Јужна Америка, Бразил, Сингапур се само дел од земјите каде „Глобал Роуд Технолоџи“ имаат отворено свои претставништва. Компанијата има повеќе од 5.000 вработени и е лидер е во светот во изградба на патишта.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.