Нова инвестиција: Груевски на потпишувањето договор со Кранфилд Фаундри

Нова инвестиција во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на потпишување на договор за реализација на инвестиција на компанијата Кранфилд Фаундри.

На почетокот на месецот најавени две нови инвестиции

Покрај оваа нова инвестиција, на почетокот на месецот две странски компании најавија вработување за 4.000 лица. Двете американски компании, Key Safety Systems (KSS) и корпорацијата ЛЕАР инфомираа за реализација на своите инвестиции во Кичево и полошкиот регион.

До крајот на годината само во овие две фабрики ќе се вработат 500 лица. Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на отворањето на првата и на потпишувањето договор со втората компанија, нагласи дека Владата ќе продолжи со активности за нови инвеститори и нови работни места.

„Ки Сејфти Системс“ отпочна со работа во Кичево

Премиерот Груевски ја посети ТИРЗ Кичево, каде во тек е изградбата на фабриката на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС). Оваа американска компанија се занимава со производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника и има 34 фабрики во 12 земји. Во Македонија стартуваше со браунфилд инвестиција во центарот на Кичево, каде моментно работат 72 лица, а се очекува новиот објект да биде готов до крајот на октомври годинава.

Фабриката КСС во Кичево почнува со работа

– Девет полни години траеа преговорите со оваа компанија и денеска со посебно задоволство можам да констатирам дека во Кичево, по долг застој, успеавме да донесеме компанија со светско реноме, која во наредниве две години ќе вработи околу 1.000 лица. Тоа е од големо значење за жителите на Кичево и општо за локалната економија, особено затоа што покрај директни ќе има  и многу индиректни вработувања, рече премиерот Груевски.

Премиерот изрази задоволство од реализацијата на оваа инвестиција, бидејќи како што рече, привлече уште две инвестиции кои се нивни добавувачи на опрема и кои донеле одлука да инвестираат во Република Македонија.

ЛЕАР корпорација потпиша договор за рализирање на инвестицијата

Ден  подоцна, односно вчера, Американската ЛЕАР корпорација од областа на автомобилската индустрија  со Владата на Република Македонија потпиша договор за реализирање на инвестицијата вредна над 18 милиони долари која ќе обезбеди 3.000 работни места во индустриската зона во Тетово.

Договор со Леар Корпорација

Премиерот Груевски, кој присуствуваше на потпишувањето, нагласи дека инвестицијата на оваа компанија во Македонија е само потврда за напорите на Владата за влез на што повеќе странски инвестиции во земјава.

Премиерот посочи дека покрај директните 3.000 вработувања, ќе има голем број индиректни, што значи сериозно апсорбирање на лицата кои се невработени од полошкиот регион.

-Ова е особено значајно за полошкиот регион кој во минатото беше познат по текстилната индустрија и кој има голем број луѓе без работа, а кои имаат квалификации во оваа струка. Оваа инвестиција е уште една потврда за нашата работа и за нашите напори да донесеме што повеќе инвестиции во Македонија и да отвориме што повеќе работни места. Со таква работа ќе продолжиме и во наредниот период, рече Груевски.

Вработување за 4.000 лица

Ако се земе во предвид дека во наредните две години КСС планира да вработи 1.000 лица во кичевскиот регион и ЛЕАР корпорација планира да обезбеди 3.000 работни места во индустриската зона во Тетово, тоа значи дека двете последни странски инвестиции ќе значатвработување за 4.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.