Нова инвестиција: Италијанската компанија Кондево влегува во Штип

Нова инвестиција и нови вработувања најави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во рамки на денешното обраќање на големиот народен собир во Штип нагласи дека караванот народни собири започнал со реченицата „Што значи да се бориш за Македонија!“

– Со дозвола на компанијата со која работеше Џери Наумоф, денес можам да објавам дека компанијата КОНДЕВО од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери не информираше дека донесе одлука за инвестирање во технолошко индустриската развојна зона во Штип. Инвестиција во вкупна вредност од над 40 милиони евра и минимум 250 нови вработувања, во период од пет години. Компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар. Потпишувањето на договорот е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци. Ова е уште една добра вест за Штип и за целиот регион!, истакна Груевски.

Премиерот рече дека сево ова е резултат на посветена работа за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста.