НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Владата потпишува договор со „СТС Текстајл“

Во Клубот на пратениците во Скопје денеска ќе биде потпишан договор за инвестиција со германската компанија „СТС Текстајлс“.

На потпишувањето на договорот најавено е присуство на претставници од германската компанија и претставници од Владата на Република Македонија.

На настанот ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.