Нова инвестиција во Кочани, нови 1500 вработувања

Шест милиони евра инвестиција во изградба на фабрика во Кочани и вработување на 1.500 лица, е планот на американската корпорација „Амфенол“ кој денеска ја најави својата инвестиција во Македонија по средбата на претставници на компанијата со премиерот Никола Груевски.

Корпорацијата има веќе ангажирано 70 лица производство на автомобилски делови. Годинава планира да бидат вработени 250 до 350 лица.

Тренор, потпретседателот на Корпорацијата, меѓу другото, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис клима.

Премиерот Никола Груевски изрази огромно задоволство од одлуката на американската корпорација „Амфенол“ да инвестира токму во Македонија од каде што ќе се врши и извоз и снабдување на европскиот пазар, а сето тоа е резултат од владините роуд шоуа.

Груевски потенцира дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.