Македонија

Нова инвестиција во Прилеп

Нова инвестиција во Прилеп

Италијанска компанија „Buzzi & Buzzi“, која произведува расветни тела ќе инвестира во Прилеп. Претставници на компанијата денеска го посетија градот Прилеп и оставарија работна средба со Градоначалникот Марјан Ристески.

На средбата беа разгледани можните локации за инвестирање. Оваа компанија ќе создаде во првата фаза околу 20 до 50 нови професионални работни места. Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик.

IMG_3544

По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија и во градот Прилеп зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање. Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима и со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна високоразвиениа технологија за производство на расветни тела.