Нова инвестиција во Струга, се отвораат 1.000 работни места

Премиерот Никола Груевски на својата фејсбук страна објави нова инвестиција. Овој пат се работи за отворање на фабрика во Струга во која ќе се вработат илјада лица.

Премиерот на Фејсбук напиша:

„Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1000 нови работни места. 1000 нови вработувања за охриѓани и стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека се реалност и имаат корист за народот.
По Гентерм и Капкон, Костaл е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2500 нови работни места за само една недела. Нашата борба за секое ново работно место продолжува“.

Untitled

Премиерот на Фејсбук го објави и документот со кој се потврдува новата инвестиција на германската компанија „Костал“.

10363515_10152900913602716_4249826129938566690_n

Во продолжение на статусот е објавено и видео од митингот кој за време на претседателските и парламентарните избори во Струга каде ја најави оваа инвестиција.