среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Нова инвестиција за изградба на станови во Гази Баба

stanovi

Последни вести

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска со претставници од компанијата „Бауер БГ“ потпиша Договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на електронско јавно наддавање.

Градежната парцела се наоѓа во населбата Автокоманда, а намената е семејно домување во станбени згради. Површината на градежната парцела изнесува 2.130 метри квадратни, површината на градба е 601 метар квадратен, а максималната развиена површина е 3.005 метри.

Вредноста по Договорот изнесува околу 22.200.000 денари.

Најчитани вести