Македонија,Политика

Нова италијанска фирма „Дијатек“ ќе отвори фабрика во Скопје

Нова италијанска фирма „Дијатек“ ќе отвори фабрика во Скопје

Премиерот Никола Груевски најави нова инвестиција во Македонија.Додека пред десетици илјади граѓани на скопскиот плоштад ја промовираше новата програма со која ќе настапат на следните парламентарни избори, Груевски соопшти среќна вест.

„Вечерва почитувани присутни среќен сум што имам можност да ви соопштам уште една убава вест. Пред малку добивме официјална дозвола за објавување на информација од италијанскиот гигант во индустријата за машини за печатарска индустрија “Дијатек“ дека одлучиле за изградба на нивна фабрика во зоната во Скопје која ќе има директни 200 вработувања и голем број индиректни вработувања. Денеска и тие го објавиле тоа на својата страна. Благодарам за поддршката зашто без вас ова немаше да се случи,“ истакна Груевски.

Премиерот истакна дека борбата продолжува, целите се исти. Силна Македонија, просперитетна Македонија, Македонија која ќе отвора нови работни места, ќе гради и ќе се грижи за своите граѓани.

„Нашата задача беше тешка, а беше дополнително отежната од економската криза и должничката криза. Тоа е сурова реалност. Кога дојдовме во Владата невработеноста беше 38% и илјадници семејства страдаа. Се зафативме со битката и успехот е видлив. До денес невработеноста е намалена за 10 процентни поени. Дали е доволно? Не. Може ли подобро? Да. Помошта да се создадат 120.000 работни места во 7,5 год е потврда за напорната работа на сите граѓани,“ изјави тој.