Нова италијанска инвестиција ќе отвори 200 работни места

Италијанската компанија „Диатек“, која се занивава со дигитално печатење, отвора производствен погон во земјава, при што планира да вложи 10 милиони евра и да отвори нови 200 вработувања.

Првиот дел од капацитетот ќе биде изграден во ТИРЗ Скопје 1, а со производство се очекува да почне во јули годинава. Опремата која што ќе се инсталира во фабриката е од домашна компанија.

Договорот за инвестицијата денеска го потпишаа сопственикот на компанијата „Диатек“ Диего Мосино и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. На потпишувањето присуствуваа и премиерот Никола Груевски, и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Како што најави Мосино, во првата група ќе се вработат 30 лица. Групацијата „Диатек“ има годишен обрт од 180 милиони евра и 800 вработени, а освен во Италија, има отворено фабрики во Швајцарија, Франција, Германија и САД. Според него, главна причина за инвестирање во земјава се поволните услови кои се нудат за водење бизнис.

„За реализација на новата инвестицијата заслуги има и македонската дијаспора во Италија, која ги остварла првичните контакти. Со оваа инвестициа Италија  ја проширува палетата инвеститори во Македонија, но и ја зголемува можноста за доаѓање на други италијански компании“, посочи Пешевски.

„Диатек“ е компаниа која произведува материјали кои ќе се користат во текстилната индустрија. Главно ќе се произведуваат фолии со кои ќе се покриваат производи од ткаенина.

Новата фабрика  ќе се простира на 2.500 метри квадратни и дека според потребите понатаму може да се проширува. За почеток, предвиден  е 15 милиони евра извоз на годишно ниво.

Производството од овој капацитет ќе биде наменето за пазарите на Источна Европа, Турција, Северна Африка и Персискиот Залив.