Донации на едукативни сообраќајни полигони во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување на театарски претстави на тема безбедноста во сообраќајот, како и дистрибуирање на боенки со основните сообраќајни правила е новата кампања на ОКТА насловена „Јас внимавам“, која ја спроведува во сораборка со Министерството за внатрешни работи.
Во кампањата ќе бидат вклучени и најмладите учесници во сообраќајот, а е насочена кон зголемување на свесноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
– Секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности, а ќе има и награди за совесните возачи. Кампањата стартува со најчесто прекршуваното правило – учество во сообраќајот под дејство на алкохол, информираат од МВР.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.