Нова клучка на автопатот кај „Богородица“

Општина Гевгелија ќе гради нова клучка на автопатната делница кај Милци, во близина на граничниот премин „Богородица“, информираа денеска надлежните општински служби.

Со овој зафат треба да се обезбеди директно сообраќајно поврзување на двете страни од автопатната делница со изградените објекти.

– Покрај растоварувањето на сообраќајот, кој особено во овој период е многу интензивен, клучката треба да го олесни пристапот до казината „Принцес“ и „Фламинго“, но и до пограничните населени места. Изградбата на приклучните улици ќе ја финансираме со околу 60 милиони денари од општинскиот буџет затоа што сообраќајната инфраструктура за јужниот тек на автопатот е особено значајна, оти на овој дел претстои изградбата на новиот хотелски комплекс и на големиот трговски центар кај Милци, информираат од општина Гевгелија.

Над автопатната делница кај Милци веќе е изграден натпатник со 24 милиони денари, кои беа обезбедени од Агенцијата за државни патишта на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.