Нова книга „Идеологијата на ренесансната уметност“ од Татјана Филиповска

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од проф. д-р Татјана Филиповска. Низ научни согледби авторката пишува за идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба. Посебен акцент става на врвните дела, преку кои јасно се отсликуваат општествениот, политичкиот и историскиот контекст во кои тие се создадени.

filipovska-matica-1

Татјана Филоповска  е редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзините досегашни научни истражувања се посветени на италијанската уметност,односно на венецијанското сликарство. Во корпусот на бројни трудови, објавени во домашни и странски изданија, посебно се издвојуваат книгите: Тицијан, Комедијата во венецијалнското сликарство и Празничната сцена на венецијанското сликарство во 18.век.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.