Нова книга од Раде Силјан „Автентични гласови“

Во издание на „Матица македонска“,излезе од печат книгата со критики, есеи и записи „Автентични гласови: личности,дела,настани“ од Раде Силјан.

Во своето најново дело, конципирано во четири целини, авторот застапува 34 текстови за истакнати македонски писатели,научници, историчари и сликари.

Во првото поглавје посветено на Тековите на македонската поезија, главен акцент става на творештвото на Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Блаже Конески,Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М.Андреевски, Ефтим Клетников и др.

Rade Siljan - Avtentichni Gla...

Низ опширни анализи и толкувања во вториот и третиот дел, Силјан пишува за творештвото на Димитар Миладинов, Марко Цепенков, Стојан Христов, Владимир Костов,Ташко Георгиевски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски, Блаже Ристовски, Стефан Влахов Мицов, Кирил Пенушлиски, Танас Вражиновски и Димитар Ќорнаков.

Во четвртото поглавје насловено како „Записи“ публикува прилози за првиот превод на македонски јазик на Светото писмо, за книгата како духовен трезор на народитеи за сликарството на Коле Манев и Васко Ташковски.

На крајот од книгата се дадени регистар на лични имиња,како и регистар на дела,книжевни списанија, манифестации и награди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.