Нова книга од Стефан Влахов Мицов – „Балканска психологија“

Нова книга од Стефан Влахов Мицов - „Балканска психологија“
Нова книга од Стефан Влахов Мицов - „Балканска психологија“

 „Балканска психологија – државници и марионети“ е најновата книга од проф. д-р Стефан Влахов, што ја објави „Матица македонска“ од Скопје.

Книгата ги разгледува посебностите на балканските народи во историски, политички, антрополошки и психолошки аспект. При дефинирањето на балканскиот ментален склоп посебен акцент става на психата на етносите кои доаѓаат на Балканот од антиката до новото време, информира „Матица македонска“.

Книгата дава одговор на прашањето: какви се спецификите на балканските народи во времето на Македонската, Римската, Источната Римска империја (Византија), Османлиската и Хабзбуршката империја. Посебно поглавје посветува на балканските потилитичари, државници и марионети.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет историографски, критичко-есеистички и публицистички дела, како и на капиталното дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, кое за неколку години доживеа три изданија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.