Нова конфронтација помеѓу Русија и Западот

Американската морнаричка 6-та флота објави видео кое се опишува како “руски борбен авион во конфронтација со американскиот воен брод USS Ross во водите на Црното Море на 30 мај”.

Во објаснувањето покрај видеото е наведено дека “обете страни оперираа во интернационален воден и воздушен простор”.

“USS Ross во ниту еден момент не го промени курсот на својата веќе предвидена траекторија или операција. Екипажот на бродот бил и ќе продолжи да биде професионален. Нагласуваме дека авионот SU 24 не носеше оружје – крилата беа “чисти”, се наведува во соопштението на 6-та флота.

Како и да е, според извори во руската армија, а цитирани од RIA Novosti, се наведува дека “екипажот на бродот се однесувал агресивно и провоцирал, што довело до грижа кај операторите на извидувачките станици во рамките на Црноморската флота”. Тоа било причина зошто рускиот ловец морал да прелета така блиску и да го предупреди американскиот брод да не се приближува кон руските води.

Саботниот инцидент е последен од серијата погранични конфронтации помеѓу Русија и Западот.

Европјаните, а особено Балтичките држави постојано предупредуваат дека руските ловци прелетуваат многу блиску до нивните граници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.