Нова конструктивна средба помеѓу владата и ДИК

Продолжуваат силните заложби на Владата за поддршка на ДИК се со цел да бидат исполнети сите услови за изборите закажани за 24-ти април. Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев денес одржа средба со сите претставници на Државната изборна комисија (ДИК).

Позитивна и конструктивна средба помеѓу Владата и ДИК

Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна и посочи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница.

Во функција на одржување на изборите на 24-ти април, имавме уште една средба и задоволен сум како помина. Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, меѓутоа нотиравме и доста предлог-заклучоци што ќе бидат предмет на дискусија на наредната владина седница, а кои се во функција на работењето на ДИК во насока на што е можно подобро организирање на изборите во април. Од наша страна изразивме подготвеност на дневна основа да ја одржуваме комуникацијата  и да ги решаваме сите проблеми кои што ќе помогнат да организираме едни фер, демократски избори кои ќе бидат верификувани од сите институции надлежни за мониторинг. Останува и понатаму да комуницираме со ДИК, договоривме и ресорни состаноци  за поединечни теми и така ќе продолжиме и во понатамошниот период, истакна Димитриев.

dimitriev-emil-izjava-dik-640x402

Дискутиравме околу обезбедување простории, возила, за финансиска конструкција за одредени потреби, за техничка логистика на ДИК, а бевме брифирани и за нивните подготовки за прочистување на Избирачкиот список, рече Димитриев.

ДИК се подготвени за прочистување на ибирачкиот список

На прашањето дали смета дека ДИК може да стигнат со роковите Димитриев одговори позитивно од она што го слушнал на средбата.

Од она што можев да го чујам од нивна страна, и тие се на размислување дека под претпоставка ако се договори методологијата за прочистување на избирачкиот список кој е предмет на разговор помеѓу политичките партии, тие се подготвени. Веќе имаат сериозни подготовки направени за оперативно ставање во функција на методологијата и сметаме дека овој тајминг, овие рокови ќе бидат запазени, истакна Димитриев.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, како што е наведено во соопштението од ДИК, на средбата информирал за прашањата поврзани со кадровското доекипирање на ДИК, за просторното и техничко опремување, како и за имплементација на методологиите за ажурирање на Избирачкиот список.