сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 9

Нова криза во ЕУ – Италија пред банкрот?!

Тамошната економија е се послаба, куповната моќ на Италијанците е се помала, нови инвестиции скоро и да нема, а некои фирми веќе прогласија банкрот.

италија

Последни вести

Нова криза и се заканува на Европската Унија, која овој пат би можела да дојде од Италија. Тамошната економија е се послаба, куповната моќ на Италијанците е се помала, нови инвестиции скоро и да нема, а некои фирми веќе прогласија банкрот.

Сите овие работи ги ослабеа италијанските банки на кои им се потребни 40 милијарди евра за да ги санираат своите биланси, пишува германскиот весник Билд. Официјалн Рим се надева дека ЕУ ќе им помогне, а во меѓувреме вредноста на акциите на најголемата италијанска банка Уникредит од почетокот на оваа година паднала за цели 65 отсто.

Акциите пак на банката Интенса Санпаоло забележила пад од 45 проценти во истиот период.

Во мометнов во Италија со најголеми проблеми се соочува најстарата светска банка Монте ди Паши ди Сиена, трета најголема во Италија. Вредноста на нејзините акции паднеале за неполна година за неверојатни 85 проценти. Износот на неповратни кредит само во таа банка достигнал скоро 47 милијарди евра, пренесува германски Билд.

Најчитани вести