среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Нова лабораторија за рано откривање одредени аномалии кај плодот на ГАК

На Гинеколошката клиника отворена е исклучително важна лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика, која ќе помогне во рана фаза на бременост да се откриваат одредени аномалии кај плодот, а ќе послужи и за правање на сите потребни анализи во текот на целата бременост.

gak-oprema-1

Поврзани вести

gak-oprema-2

Инвестирани се околу 9 милиони денари, односно околу 150 илјади евра. Тоа е четврта таква инвестиција од вкупно 52 милиони денари во лаборатории набавени преку Министерството за здравство за оваа клиника.

Лабораторијата денеска ја посетија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со замениците министри за образование и наука Спиро Ристовски и за здравство Јовица Андовски.

gak-oprema-3

Тоа е лабораторија во која што се инвестираа околу 9 милиони денари. До тогаш не постоеше таква лабораторија, а посебно е важна за откривање на даунов синдром кај плодот во многу рана фаза, во прв, втор или трет месец на бременост и претставува една новина, но и една дополнителна вредност на оваа клиника и воопшто на македонското здравство, имајќи во обзир дека за првпат во Македонија се набави една ваква лабораторија која што очигледно недостасуваше и која во иднина ќе реши многу проблеми. Задоволство ми е што оваа лабораторија се набави и што веќе е во полна функција, истакна Груевски.

Најчитани вести