Нова лага од Заев: Албанскиот е втор службен јазик во Македонија (ВИДЕО)

Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев. денеска од Сараево кажа уште една голема лага, дека албанскиот јазик е втор службен јазик на целата територија на државата.

Но, според добро упатените тој на овој начин прикажувајќи дека албанскиот е втор службен јазик, прави погрешно интерптретирање на уставот.

Амандманот 5 и членот 7 од нашиот Устав, став 2 кажува дека втор службен јазик во Македонија е албанскиот јазик, определен според овој член од Уставот. Така да Македонија има прв официјален службен јазик, тоа е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо тоа е и единствен јазик за меѓународна политика, а со ставот 2 е од постоечкиот Устав од 2002 година да втор службен јазик е албанскиот јазик. Тоа е одлична ширина. Да можеме да ја дефинираме употребата на албанскиот јазик и јазиците на сите други малцинства согласно закон, без потребна промена на Уставот. Ние тоа го договоривме. Зошто го договоривме? Затоа што ширината на Уставот ни го дозволува и е доволно голема за да можеме да го утврдиме со закон, рече Заев.

Инаку според член 7 во уставот јасно стои дека „во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо”, што значи дека јазикот кој е применлив на целата територија е македонскиот, а во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.

Очигледно СДСМ со ДУИ преговара за законско решение со кое би се овозможило поширока употреба на албанскиот јазик, но таква работа би била противуставна.

Ако се воведе двојазичност практично се редефинира државата и се губи македонскиот индентитет. Носител на идентитетот е и јазикот како негово централно обележје. Доколку се промени тоа, значи се губи и дел од идентитетот. Заев со една таква постапка најмногу би му помогнал на јужниот сосед.

Од друга страна Груевски вчера изјави дека „нема да дозволиме промена на Уставот, ниту кршење на Уставот преку негово изигрување со носење на закони“.

Она што го планира СДСМ е кршење на Уставот. Укажуваат дека се ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на националните и државните интереси во било која форма и во било која ситуација, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.