Нова лидерска средба во вторник во присуство на Хан

Новата лидерска средба помеѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе се одржи во вторник, во присуство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.

На средбата нема да присуствуваат тројцата европратеници Иво Вајгл,  Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои досега беа медијатори помеѓу преговорите кои лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги имаа во Брисел и Стразбур.

На досегашните три лидерски средби не се постигна никаков конкретен договор. Сите страни засега остануваат на своите ставови.