Нова мобилна апликација Шар Планина

Мобилна апликација за Шар Планина ќе ја промовираат денеска Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и Македонското еколошко друштво од Скопје, пренесе МИА.

Мобилната апликација, која е прва од ваков тип во Македонија, е наменета за потребите на планинарите, рекреативците и туристите кои ја посетуваат Шар Планина.

Бесплатната мобилна апликација нуди информации за Шар Планина, мапа на која што се исцртани планинарските патеки, најзначајните точки, врвовите, езерата, планинарски домови и местата за кампување.

Мобилната апликација ќе придонесе за развивање на постоечките видови туризам, како и за развивање нови планински спортови на Шар Планина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.