Нова мобилна такси апликација

Claxi е  нова бесплатна мобилна апликација, која е достапна за сите андроид корисници, а наскоро  и за корисниците на IOS. Бета верзијата  стартува во Скопје и Куманово, а согласно барањата на патниците и на возачите, CLAXI ќе се шири и низ другите градови и региони.

Claxi  овозможува со едноставен клик, да се одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.

Од друга страна пак, таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање.

Поедноставување и подобрување на такси превозот во регионот е целта на Claxi.

Повеќе информации на линкот www.claxi.net.