Нова монтажна гаража зад ТЦ „Буњаковец”

Жителите околу трговскиот центар „Буњаковец“, персоналот и купувачите и посетителите на трговскиот центар добија нов монтажен јавен паркинг. Гаражата има површина од 1.850 метри квадратни, со 104 паркинг места.

Монтажната гаража е изградена од еколошки материјал, од челична поцинкувана конструкција, составена од модули. Поставени се скали за непречена и безбедносна комуникација на пешаците. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска изврши примопредавање на гаражата на директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Одлуката за примопредавање беше поддржана од советниците на општина Центар. Претходното раководство на општина Центар имаше донесено одлука на истото место да изгради кабаста конструкција од 29 метри и гаража на 8 спрата. Жителите не се согласуваа и стравуваа дека одлуката на претходниот градоначалник ќе го спречи нормалното струење на воздухот. Сега добија монтажен паркинг на еден спрат, со двојно и повеќе зголемени паркинг места, односно од 48 на 104. Со ова се надминува претходниот хаос со паркирањето.

Општина Центар во пресрет ќе им излезе и на граѓаните од соседните згради. Улицата „Владимир Полежановски” ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата.

Грижејќи се за животната средина општина Центар наместо да ги исече како што претходно беше проектирано ги остави дрвата меѓу зградата и гаражата. Жителите на општина центар ќе можат бесплатно да се паркираат во новата катна гаража.