Нова надеж за лекувањето на ракот на јајниците

Новото лекување на ракот на јајниците покажало „многу ветувачки“ резултати кај жените со напредната фаза од оваа болест, намалувајќи ги туморите кај околу половината од жените коишто учествувале во мало истражување, од коешто резултатите беа претставени на годишната конференција на Американското здруженија за клиничка онкологија во Чикаго во саботата.

Научниците се засега само во фазата на тестирање на лекот за да утврдат дали е безбеден за луѓето, но откриле дека има речиси моментален клинички ефект и се надеваат оти би можел да им помогне на жените кај кои ниедна досегашна достапна терапија не дејствува. Досега лекот е тестиран на 15 жени и научниците велат дека можеби не е сигурен за користење подолг од неколку месеци.

Меѓутоа, карциномот на јајниците тешко се лекува и прогнозите во напредните стадиуми од заболувањето се многу лоши.

Една од пациентките коишто го добиле овој лек, 68-годишната Мариане Хит, изјавила „Немав друг избор, чувствував дека тоа е мојата единствена опција“. Нејзиното лекување траело повеќе од шест месеци и лекот ги намалил сите три тумора, а исчезнале и болките коишто ги чувствувала. Еден тумор, во грбниот дел, повторно почнал да расте откако го прекинала лекувањето во јануари и била подложена на зрачење, но другите два се под контрола.

Британските научници сакаат да утврдат дали лекот, познат од споменатата студија познат под ознаката „ONX-0801“, е безбеден за користење и затоа го тестирале на мал број пациентки. Меѓутоа, откриле дека е значително ги намалил туморите кај 7 од 15 пациентки, забележува BBC.

Препаратот „ONX-0801“ е прв од новата генерација лекови коишто дејствуваат така што ја имитираа способноста на фолната киселина насочено да се поврзе со клетките на ракот и притоа да не го зафаќа здравото ткиво, со што се намалуваат нуспојавите коишто често се јавуваат при хемотерапијата, како што се инфекциите, дијарејата, оштетувањето на нервите и губењето на косата.

Кога еднаш ќе се „закачи“ за клетката на ракот, лекот го блокира дејствувањето на клучните молекули и предизикува оштетување на ДНК-та и смртта на клетките. „Резултатите коишто ги видовме во оваа студија се многу ветувачки“, изјавил др Удаи Банерџи, кој го водел истражувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.