Нова одлична партија на Борко во дресот на Кретеј

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски продолжува со одличните игри во дресот на Кретеј.

Борко и соиграчите синоќа славеа на гостувањето кај “фенерџијата” Истрес со 26:30 (9:14), што е нивна петта последователна победа во првенството и Купот. Нашиот голман забележа 15 интервенции, со што го заслужи епитетот “најдобар” на оваа средба.