Нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија

Лидери на ЕУ и на балканските земји утре ќе разговараат за да го поддржат создавањето нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија, пренесува МИА, повикувајќи се на ДПА.

Новата операција на граничната агенција на ЕУ Фронтекс ќе стави акцент врз проверката на лицата кои ја напуштаат земјата, како и на регистрацијата на бегалци и на имигрнтите, кои се уште не се регистрирани во Грција.

Нацрт-резолуцијата, подготвена за преговорите во Брисел на која се повикува ДПА, предвидува дека 400 граничари може да бидат испратени во Словенија до среда, ако земјата го искористи механизмот на Фронтекс, за итно испраќање тимови.

Лидерите кои ќе се соберат во Брисел, ќе треба да усвојат дека „политиката да се пропуштаат бегалците до соседна земја не е прифатлива“, се наведува во нацрт-документот.

Документот се уште може да биде променет пред утрешната средба, наведува ДПА.