Магазин

Нова „паметна“ подлога за шминка на Клиник

Нова „паметна“ подлога за шминка на Клиник

Клиник ви ја претставува новата „паметна“ подлога за шминка. Станува збор за подлога со течна формула која се прилагодува на вашата кожа.

klinik_2Superbalanced makeup foundation не содржи масла. Оваа основа ја хидрира вашата кожа, но истовремено и ги апсорбира маснотиите таму каде што тоа е потребно. По нанесувањето, кожата на вашето лице станува свиленскаста.

Нанесете ја подлогата најпрво на средината на лицето, а потоа распоредете ја со помош на четка за пудра или со помош на прстите.

Оваа основа одлично покрива, а лицето по нанесувањето изгледа сосема природно. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ја нанесете по производите на Клиник наменети за нега на кожата.