Нова петгодишна Програма за оддржлив развој на локалната самоуправа

Работната група за децентрализација, раководена од државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска-Гугоска денес и утре ќе ја утврдуваат  Методологијата за подготовка на новата Програма која што ќе произлезе од мерките и проектите од Програмата на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018, кои што се однесуваат на локалната самоуправа.

– Исправени сме пред предизвикот на планирање на новиот документ посветен на развојот на децентрализираната власт во Република Македонија. Тоа треба да биде шестиот програмски документ посветен на оваа област. Токму затоа би сакала во оваа прилика да истакнам дека токму оваа наша средба покажува дека Министерството за локална самоуправа и Владата на Репубика Македонија остануваат посветени на понатамошен развој на  локалната самоуправа, како основен предуслов за создавање економски посилни, развојно ориентирани и инклузивни единици на локалната самоуправа, изјавила Билјана Цветановска-Гугоска.

Според неа значајно е да се истакне дека со новата програма првпат има за цел да опфати подолг, петогодишен период, наместо досегашните тригодишни документи.

Процесот на децентрализација не е цел сама по себе туку алатка за создавање на подобра иднина, нагласила Цветановска-Гугоска, а токму откривањето на патиштата на иднината е процес кој никогаш не завршува.