Нова „петка“ на Баерн

Фудбалерите на актуелниот германски шампион минхенски Баерн продолжуваат со доминацијата во Бундеслигата победувајќи ја во 30-то коло на домашен терен Борусија Менхенгладбах со 5:1.

Гостите поведоа во 9 минута со голот на швајцарскиот Хрват Дрмиќ, но до крајот примија пет голови забележувајќи убедлив пораз. Баварците мечот го започнаа без Рибери, Робен, Левандовски и Хамес, а се истакна резервниот шпиц Сандро Вагнер со два гола, во 37 и 41 минута, додека по еднаш прецизни беа Алкантара во 51, Алаба во 67 и Левандовски во 82 минута.

Баер од поодамна ја осигури титулата и има 23 бодови предност пред Шалке 04, додека Борусија (М) е осма со 40 бодови и слаби шанси да освои едно од местата кои водат во европските натпреварувања.