Нова победа на Баерн во Бундеслигата

Во третото коло од германската Бундеслига највозбудливо во саботата беше на „Фолксваген Арена“ каде што домашниот Волфсбург успеа да извлече реми 2:2 откако Херта двапати водеше.

Херта поведе со голот на Дилросун во 61 минута, а во финишот од мечот следеше вистински трилер. Во 87 минута Јунус Мали од пенал донесе израмнување за „волците“, но во првата минута од судиското продолжување Ондреј Дуда повторно ја доведе во водство Херта. Сепак, Волфсбург успеа да ремизира а стрелец беше во втората минута од продолжението Адмир Мехмеди.

Херта моментално е четврта на табелата со седум бодови, колку што има и Волфсбург но кој поради подобрата гол-разлика е место погоре.

Хофенхајм на гости кај Фортуна од Диселдорф загуби со 1:2. Херта поведе во последната минута од првото полувреме а стрелец беше Моралес и имаше предност до 86 минита кога Реис Нелсон израмни на 1:1. Но веќе во 88 минута Доди Лукебакио од пенал ја донесе победата за Фортуна.

Фортуна со првата победа сезонава собра четири бодови и е на деветото место, додека Хофенхајм по некомплетното трето коло има три бода и е на 11-то место.

Актуелниот шампион минхенски Баерн на својот стадиот го совлада Баер Леверкузен со 3:1. Стрелци за баварците беа Толисо во 10, Робен во 19 и Џејмс Родригез во 89 минута, откако гостите од Леверкузен поведоа веќе во 5 минута од пенал преку Вендел.

Баерн е единствениот тим кој има максимален ефект и е на врвот на табелата со девет бодови, а Баер останува на дното без бодови.

Интерсен меч беше одигран и во Лајпциг каде што домашниот РБ на крајот извојува победа од 3:2 над Хановер. Стрелци за домашните беа Поулсен во 9 и Вернер во 40 и 63 минута, а гостите успеаја да израмнат прво во 13 минута а потоа го намалија резултат во 65 минута преку Алборноз.

РБ Лајпциг разочарува на стартот од првенството и е на 10-то место со 4 бодови, како и Хановер кој со само два бода е на 13-то место.

Гледачите во Мајнц, исто така, видоа трилер завршница во дуелот на со гостите од Аугсбург. Мрежите мируваа до 82 минуа кога Донг-вон го доведе во водство Аугсбург, но потоа Уџа во 87 и Максим во третта минута од судиското продолжение се погрижија бодовите да останат во Мајнц.

Мајнц е последниот во групата екипи од второто до петото место на табелата со седум бодови, а Аугсбург е осми со четири бодови.

Во петокот Борусија од Дортмунд на свој терен го совлада Ајнтрахт од Франкфурт со 3:1, и остана на втората позиција со седум бодови, додека гостите се 12-ти со три бодови.

Борусија од Менхенгладбах во последниот меч од саботната програма го совла со 2:1 Шалке 04. Домашните обезбедија убедливо водство преки Гинтер во 3 и Херман во 76 минуа, а Брел Емболо само го ублажи поразот на гостите во 90 минута.

Борусија М. сега е на петтото место со седум бодови, а Шалке О4 е во групата екипи без бодови од 15-то до 18-то место, но Фрајбург и Штутгарт имаат натпревар помалку.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.