Нова победа на ракометарите на Металург

Нова победа на ракометарите на Металург
Нова победа на ракометарите на Металург

Ракометарите на Металург забележаа нова победа со плејофот од домашниот шампионат.

На средбата од 5.коло во плејоф конкуренцијата, одигран попладнево во салата „Автокоманда’’ во Скопје,  екипата на Металург убедливо со 35:21, полувреме 15:7, го победи составот на Макс Струмица.

Со, четвртата победа во петте одиграни натпревари тимот од Автокоманда се зацврсти на второто место на табелата со три бодови помалку од лидерот Вардар кој имам максимален учинок.

Црвено-црните во оваа рунда убедливо со 49-24 го победија Прилеп, а вчера Охрид го победи Работнички со 30-24.

Табела – плејоф: Вардар 15 бодови (5 натпревари), Металург 12 (5), Макс Струмица 9 (5) Прилеп 6 (5) Охрид 3 (5) и Работнички 0 (5).