Спорт

Нова победа на Вардар, Дибиров со 12 погодоци

Нова победа на Вардар, Дибиров со 12 погодоци

Со 12 погодоци Тимур Дибиров синоќа го предводеше Вардар до шестата победа во група Ц од ракометната Лига на шампиони. Конечниот резултат на дуелот кој се играше во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 9.коло од елитното натпреварување е 30:26.

Вардар предноста стекната од првото полувреме (18:13) успеа да ја зачува и во вторите 30 минути. Монпелје најмногу што направи е што се доближи до минус два, но нашите ракометари не му дозволија да направи резултатски пресврт и успешно го приведоа натпреварот кон крајот, пренесува МИА.

Покрај најдобриот играч Дибиров, на голот на домаќините се истакна И ракометарот Арпад Штербик со 10 одбрани. Словенецот Драган Гајич со шест голови беше најефикасен во гостинскиот состав.

Од овој круг во групата Ц утре играат Чеховски Медведи – Рајн Некар и Веспрем – Цеље.

Табела: Веспрем 14 бодови (8 натпревари), Вардар 13 (9), Рајн Некар 10 (8), Монпелје 8 (9), Цеље 4 (8) и чеховски Медведи 1 (8).

Следната сабота „црвено-црните“ во Германија против Рајн Некар Ловен ќе се борат за втората позиција, под услов германскиот претставник да забележи победа утре на гостувањето во Русија.