Нова победа за ракометарите на Вардар во плеј офот

Нова победа за ракометарите на Вардар во плеј офот
Нова победа за ракометарите на Вардар во плеј офот
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар остварија нова победа во плеј офот откако попладнево на домашен терен го совладаа тимот на Охрид со 37:26.

Најефикасни на натпреварот беа Хорхе Македа и Мијајло Марсениќ со по 8 голови. Ова беше првиот дуел од оваа рунда, а Вардар има максимални шест победи во плеј офот.
Во терминот од 18 часот во салата „Автокоманда“ се игра дуелот Металург – Прилеп. Третиот натпревар од 6.то коло се игра утре меѓу Работнички и Макс Струмица.
Табела: Вардар 18 бодови, Металург 12, Макс Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 3, Работнички 0.