Нова помош за Грција до 20 милијарди евра

Следниот финансиски спасувачки план кој Германија и европските доверители ќе треба да го подготват за Грција, ќе биде во вредност помеѓу 10 и 20 милијарди евра. Ова го тврди списанието „Дер Шпигел“ , повикувајќи се на документ на германското Министерство за финансии.

Спасувачкиот пакет, што ќе биде трет за најзагрозената европска економија, се смета како дополнителна помош од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој истакнал дека сумата ќе биде многу помала од 240-те милијарди евра, што Атина веќе ги доби од меѓународните кредитори.