Нова потрага по исчезнатиот малезиски авион

Малезија и Австралија договорија продолжување на потрагата по исчезнатиот авион Боинг, кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг и по два часа мистериозно исчезна. Во авионот имаше 239 патници и членови на екипажот, а до сега не е пронајдена ни една трага која би ја открила локацијата на исчезнатиот авион.

Продолжувањето на потрагата ја потврди австралискиот премиер Тони Абот, кој денеска престојуваше во официјална посета на Малезија. Тој соопшти дека двете држави обезбедиле 60 милиони долари за финансирање на потрагата во подрачје од околу 6.000 квадратни километри.

Во трагањето по авионот ќе се употребат најсовремени уреди што ги има на светот, а ќе се вклучат и најпознати експерти од оваа област. Новата серија потраги по исчезнатиот авион ќе започне по две недели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.