Нова поволност: Градежно земјиште за едно евро по метар квадратен

Македонската Влада дополнително ги олеснува условите под кои граѓаните можат да се стекнат со свој, сопствен дом. Како што пишува порталот „Лидер“, преку новиот проект што почна да се спроведува, граѓаните за едно евро од квадратен метар ќе може да купат земјиште за изградба на куќа во типска населба.

Ова ќе обезбеди огромна заштеда за граѓаните, ќе се спасат од големи трошоци, бидејќи во некои општини вообичаената цена на градежно земјиште, надвор од овие предвидени локации изнесува и по 100 до 200 евра за квадратен метар, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Целиот проект ќе се реализира преку општините, кои треба да се пријават на огласот на Министерството за транспорт, а потоа ќе се изработат урбанистичките планови. Општините треба да понудат типски населби со локации за изградба на најмалку 100 куќи, а изработката на плановите ќе ја финансира државата. Огласот е отворен и трае до 10 февруари, а дел од градоначалниците веќе ја почнале постапката. Дел од општините понудиле и локации со капацитет за изградба на 300 нова куќи. Според проекцијата на надлежните институции, сите процедури треба да се комплетираат во втората половина од годинава, а со тоа да почне изградбата во типските населби.

Процедурата е следна: земјиштето и локациите ќе се продаваат со почетна цена од 1 евро за квадратен метар, продажбата ќе оди преку електронска јавна аукција, а секој граѓанин ќе може да се наддава.

Државата ги покрива трошоците за водовод, канализација, за пат во типските населби

Државата ги покрива…