Нова поволност: Градежно земјиште за едно евро по метар квадратен

Каматата во првите три години изнесува 3,95 проценти, во четвртата и во петтата година 4,44 проценти, а потоа банката ја утврдува каматната стапка, но таа не смее да биде повисока од каматните стапки на редовните станбени кредити.

Во овој случај, државата целосно го покрива учеството за станбениот кредит. Тоа значи дека за 50 илјади евра, поддршката изнесува 12.500 евра. За овој модел, каматната стапка е фиксна, 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 проценти на годишно ниво и тоа за цело времетраење на отплатата на кредитот.

Кредитот треба да се земе на период од најмалку 20 години, со можност за отплата по 12-та година. Додека трае државната помош, куќата не се смее да се оттуѓува, а услов е лицето да нема подигнато друг станбен кредит.

 

Услов е апликантот да биде на возраст до 35 или со наполнети 35 години, на свое име да нема друг стан или куќа. За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра. Во проектот се вклучени 8 банки: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Стопанска банка – Битола, Шпаркасе, Охридска, ТТК, Алфа банка и Прокредит банка.

Нов импулс за градежништвото

Новите поволности за изградба на куќи и ставањето на располагање локации за изградба на цели типски населби ги подигна очекувањата во градежниот сектор. Бизнисмените очекуваат проектот да донесе нов импулс и да биде уште еден двигател на економскиот раст.

Очекувам да има експанзија од изградба на куќи. Градежништвото е поврзано со уште 26 други гранки, како добавувачи или произведувачи на мебел, на материјали и слично, па оттука очекувам да има нов бум во овие сектори, вели претседателот на градежната комора, Роберт Хот.