Нова поволност за граѓаните: Субвенции за греење со пелети

-Денеска ќе објавам нов проект значаен за граѓаните. Проект кој има еколошка вредност и ефикасност. Ќе обезбедиме поддршка за греење со пелети. Тоа значи дека ќе симулираме и финансиски ќе ја поддржиме замената на печките за дрва, истакна Груевски.

Тој ја објасни новата мерка низ три сегмени меѓу кои поддршка за набавка на печки за греење за домаќинството,  за кои државата ќе обезбеди субвенции до 70 проценти, по принципот старо за ново за најмногу 30.000 денари по домаќинство. Како втор сегмент Груевски ја посочи поддршката за набавка на самите пелети.

„Вредноста на ДДВ за крајните корисници на пелетите и печките кои работат на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти. Македонски шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. Тие ќе бидат понудени по мошне поволни услови на пазарот“, ја дообјасни Груевски мерката.

Како трет сегмент, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го издвои субвенционирањето на инструменти за греење, за што ќе бидат наменети најамалку 1 милион евра годишно, во период од четири години.

Груевски додаде дека проектот ќе започне од 2017 година и ќе трае во следните три години. Ќе бидат инвестирани најмалку 3 милиони евра годишно, а доколку има интерес ќе има и зголемување на предвидените средства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.