Спорт

Нова повреда за Стариџ – ќе паузира четири седмици

Нова повреда за Стариџ – ќе паузира четири седмици

Напаѓачот на Ливерпул и англиската репрезентација, Даниел Стариџ повторно ќе мора да паузира, овојпат четири седмици.

Офанзивниот фудбалер веќе го пропушти поголемиот дел од сезоната поради честите повреди, а токму кога му е најмногу потребен на менаџерот Брендан Роџерс во битката за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите, Стариџ е соочен со нова повреда.

Фудбалерот на Ливерпул ја напуштил експедицијата на англиската фудбалска репрезентација, а лекарските тестови покажале дека станува збор за повреда на мускулот во пределот на колкот.

Покрај Стариџ, Ливерпул во следниот период нема да може да смета и на суспендираните Стивен Џерард и Мартин Шкртел.